Амбасада на Република Северна Македонија во Босна и Херцеговина

Најнови вести

Заменик-министерката Исаки на форумот на ЕУСАИР во Сараево

Денес, во рамките на босанското претседателство со Јадранско-Јонската иницијатива, беше одржан 8-от форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-Јонската иницијатива (ЕУСАИР) на кој учествуваше заменик-министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки. Форумот претставува рефлексија на активностите на Стратегијата и нивната имплементација на макро-регионално ниво. Главната цел е да промовира економски и социјален просперитет и раст во регионот преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Со четири земји членки на ЕУ и четири земји кандидати за членство во ЕУ, стратегијата придонесува за понатамошна интеграција на Западен Балкан. Соочувајќи се со заеднички предизвици, земјите имаат за цел да создадат синергии и да ја поттикнат координацијата меѓу сите територии во Јадранско-јонскиот регион во четирите тематски области/столбови кои ја сочинуваат Стратегијата. Во своето излагање за време на министерскиот состанок одржан во рамките на форумот, ЗМНР Исаки истакна дека од своето приклучување кон Стратегијата и Иницијативата во 2020 година, целта на Северна Македонија е да придонесе за зајакнување на политичката димензија на Стратегијата, зајакнување на регионалната соработка и проширување на политичкиот дијалог на повеќе нивоа, со цел создавање на поинтегриран и одржлив Јадранско-јонски макрорегион, но истовремено да се поттикне и забрза пристапување на Западен Балкан во ЕУ. За време на министерскиот состанок беше прифатена и заедничката Декларација.

Телефонски разговор Османи - Конаковиќ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со својот хомолог од Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. Честитајќи го стапувањето на должност, Османи изрази задоволство за високиот степен на пријателски односи и досегашната билатерална соработка меѓу двете држави, како и убеденоста дека постои можност и потенцијал за нивно проширување, преку конкретни проекти и иницијативи, особено економската соработка.  По добиениот кандидатски статус за членство во ЕУ, уште еднаш беше пренесена подготвеноста за споделување на искуствата на Северна Македонија во процесот на Евро-атлантско интегрирање на Босна и Херцеговина.   “Одлуката да се даде статус на земја-кандидат за членство во ЕУ е важна за реформски курс на Босна и Херцеговина и од големо значење е за стабилноста и севкупниот развој на регионот и неговата што поскора интеграција во ЕУ“ нагласи Османи. Посебен осврт беше направен на регионалната соработка, со фокус на претседавањето на Северна Македонија со САД-Јадранската повелба (А5) и ОБСЕ. Во тој контекст, се разговараше за претстојниот министерски состанок во рамките на А5 (27-28 март) и посетата на теренската мисија на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, планирано да се реализира во текот на месец април 

Скопје, 21 март 2023 година

Обраќање на министерот Османи на годишнината на геноцидот во Сребреница

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со бројни други високи претставници на држави од регионот и светот, денес имаше свое обраќање на годишнината на геноцидот во Сребреница. Оддаваме почит на илјадници невини жртви, на сите оние невини мажи и деца кои беа убиени во Сребреница пред 26 години и на уште поголем број на цивили кои, во обид да го спасат својот живот, беа принудени да ги напуштат своите домови. Настаните од јули 1995 година, кога беа убиени над осум илјади цивили, не смеат да се заборават, ниту фактите поврзани со него релативизирани, како гаранција дека истото нема да се повтори. Извлечените поуки за овој настан, како и заложбите за градење на траен мир и просперитет претставуваат надеж за идните генерации и регионот во целост, нагласи Османи.

Европската перспектива за сите земји од регионот е најголемата трансформативна енергија што ги придвижува нашите земји напред кон прогрес и реформи, при што остануваме максимално посветени на градење хумани и демократски општества, во кои ќе владее правото и ќе се почитуваат човековите слободи и права, ќе за залагаме за промовирање на еднаквоста и почитување на различностите, на послабите и немоќните. Почитувајќи ги жртвите и бранејќи ја вистината, ние можеме да градиме иднина, заклучи Османи.

 

Скопје, 11 јули, 2021

 

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола