Екрем Ебиби е амбасадор на Република Северна Македонија во БиХ од 31 март 2019 година. Роден е во Радуша Општина Сарај, Скопје 1960 г.
ПРОФЕСИОНАЛЕН АНГАЖМАН
Својата професионална дипломатска кариера ја започна од 01.03.2002 како советник во Одделението за Словенија, Хрватска и БиХ, Сектор за пошироко соседство во МНР.
Во ДКП-та беше трет/втор секретар во Одделението во Бон од 14.10.2004 до 30.09.2008 г. Раководител на Одделението за управување со човечки ресурси во МНР од 01.10.2008. а од 19.12.2009, Помошник на раководител на Сектор во Секторот за општи работи во МНР.
Советник во Амбасадата во Берн од 01.08.2010 г. додека од 01.05.2013 до 01.03.2014 г. вршител на работите во Амбасадата во Берн.
Од 01.03.2014 г. советник а од 02.09.2016 г. виш советник во ДДА во МНР.
На крајот на 2018 г. назначен е за амбасадор во БиХ а на должност стапи од 01.03.2019 г.
Пред вработување во МНР работно искуство стекнал од 1986 г., како соработник на МРТВ, во Скопје.
Секретар-благајник во основно училиште„Фаик Коница беше од 1987-1997г. додека од 01.09.1997 до 28.02.2002 шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кондово за управно-правни и административни работи, политика и комуникации со јавноста.
ОБРАЗОВАНИЕ
Амбасадорот Екрем Ебиби основно училиште заврши во „Фаик Коница„ Радуша, гимназија во „Зеф Луш Марку„ Скопје додека 1985 година дипломираше на Унив. „Св. Кирил и Методиј„, Филозофски факултет, Скопје, Насока Филозофија.
Звањето Магистер по филозофски науки го стекна 2007 година при истиот универзитет.
Издавачка дејност: „Политичката филозофија на исламот според св. Книга Куранот„ 2015г. во Фуркан, “Filozofia politike Islame sipas librit të shenjtë Kuranit”, 2015г. во Фуркан,
Во новини и електронски медиуми: „Демократија и плурализмот” и „Мнозинството и малцинството во демократскиот систем”.