Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина се воспоставени на 27 мај 1993 година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за меѓународен патен превоз на патници и стока“
- склучена во Скопје на 21 декември 2000 година
- во сила од 26 април 2004 година
2. „Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за поттикнување и заштита на инвестиции“
- склучен во Сараево на 16 февруари 2001 година
- во сила од 26 април 2004 година
4. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за соработка во областа на културата“
- склучена во Сараево на 18 март 2003 година
- во сила од 12 март 2007 година
5. „Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за социјално осигурување и Административна спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и БиХ за социјално осигурување“
- склучени во Сараево на 17 февруари 2005 година
- во сила од 1 април 2006 година
6. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина“
- склучена во Скопје на 20 април 2005 година
- во сила од 15 март 2006 година
7. „Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за правна помош во граѓански и кривични предмети “
- склучен во Скопје на 13 септември 2005 година
- во сила од 2 март 2007 година
8. „Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за уредување на имотно-правните односи “
- склучен во Скопје на 13 септември 2005 година
- во сила од 11 септември 2006 година
9. „Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети“
- склучен во Сараево на 27 јануари 2006 година
- во сила од 14 октомври 2006 година (договорот е изменет и дополнет со Договор склучен во Скопје на 12 март 2013, види под т. 19)
10. „Договор меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за екстрадиција“
- склучен во Сараево на 27 јануари 2006 година
- во сила од 10 јануари 2007 година
11. „Измени и дополнување на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина усвоени од Мешовитиот Комитет за спроведување на овој Договор“
- склучен во Скопје на 22 мај 2006 година
12. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволена трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, илегална миграција и останати кривични дела“
- склучен во Охрид на 21 март 2008 година
- во сила од 1 март 2009 година
13. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за преземање на лица со незаконски престој (реадмисија)“
- склучен во Охрид на 21 март 2008 година
- во сила од 1 март 2009 година
14. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во случај на природни и други катастрофи“
- склучен во Скопје на 20 март 2008 година
- во сила од 1 март 2009 година
15. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во областа на образованието и науката“
- склучена во Скопје на 5 октомври 2011 година
- во сила од 6 јуни 2012 година
16. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за ветеринарна соработка“
- склучен во Сараево на 11 јануари 2012
- во сила од 01 август 2013 година
17. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во областа на здравството и медицинските науки“
- склучена во Сараево на 4 октомври 2012 година
- во сила од 31 мај 2013 година
18. „Договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за правна помош во граѓанските и кривичните предмети“
- склучен во Скопје на 12 март 2013 година
- во сила од 30 јули 2014 година (20.04.2015)
19. „Договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за меѓусебно извршување на судските одлуки во кривичните предмети“
- склучен во Скопје на 12 март 2013 година
- во сила од 30 јули 2014 година
20. „Договор помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за измени и дополнувања на Договорот помеѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина за екстрадиција “
- склучен во Скопје на 12 март 2013 година
- во сила од 30 јули 2014 година
21. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за одбегнување на двојно оданочување по однос на данокот од доход и данокот од капитал“
- склучен во Сараево на 24 септември 2013 година
- во сила од 2 јуни 2014 година
22. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на БиХ за размена и заемна заштита на класифицирани информации“
- склучена во Сараево на 20 мај 2014 година
- во сила од 1 септември 2015 година
23. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларни претставништва“
- склучена во Драч на 30 март 2016 година
24. „Спогодба за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија“
- склучена во Скопје на 20 април 2017 година
- во сила од 26 декември 2017 година
25. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачките дозволи“
- склучен во Скопје 13 септември 2017 година
- во сила од 4 мај 2018 година
26. „Спогодба меѓу Република Македонија и Советот на Министри на БиХ за условите за патување на државјаните на двете земји “
- склучен во Скопје 12 март 2018 година
- во сила од 1 декември 2018 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Протокол за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина“
- потпишан на 21 декември 2000 година
2. „Спогодба за соработка меѓу Државниот Архив на Република Македонија и Босна и Херцеговина“
- потпишана на 10.12.2002 година
3. „Меморандум за соработка меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина“
- потпишан во Скопје на 16 ноември 2006 година
4. „Протокол за соработка меѓу Министерството за правда на Република Македонија и Министерството за правда на Босна и Херцеговина“
- потпишан во декември 2010 година
5. „Меморандум за разбирање помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Државната регулаторна“
- агенција за радијациона сигурност на Босна и Херцеговина
- потпишан во Сараево на 21 декември 2011 година
6. „Протокол за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина во областа на дипломатската едукација“
- потпишан во Сараево на 27 февруари 2013
7. „Спогодба за намалување на цените на услугите во роаминг во јавните мобилни комунациските мрежи, склучена помеѓу Министерствата надлежни за работи од областа на електронските комуникаци на Република Македонија и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Србија“
- потпишана во Будва на 29 септември 2014 година
8. „Меморандум за соработка меѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Министерството за финансии на Република Српска, БиХ“
- склучен во Бања Лука на 16.07.2015 година
9. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ и Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ за соработка во областа на земјоделството и руралниот развој“
- потпишан во Сараево на 23.07.2017 година
10. „Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за цивилни работи на Босна и Херцеговиа за 2017-2020 година.“
- потпишана во Сараево на 23.07.2017 година
11. „Протокол за соработка меѓу Министерството за цивилни работи на БиХ и Министерството за образование и наука на РМ“
- потпишана во Скопје на 12.03.2018 година