Османи на средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Јaќимовиќ

21 април 2021

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ.

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, при што е изразена желба за зајакнување на соработката, особено на економски план, која заостанува на многу добрите политички односи.

Се разговараше за перспективата на двете држави во однос на интеграцијата во Европската Унија и значењето што ова членство би го имало за стабилноста, просперитетот и  долгорочниот мир во регионот на Западен Балкан.

На средбата стана збор и за актуелните здравствени предизвици и епидемиолошки состојби во двете земји  како и за мерките за справување со вирусот Ковид-19, како и можностите за укинување на пречките во движењето на нашите граѓани во двете држави.